Ден Дончев за Алфа: Се што имав да кажам веќе кажав, за видеото прашајте го Наќе Чулев
Се што имав да кажам веќе кажав, за видеото прашајте го Наќе Чулев, кратко вели за Алфа поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев. Сакавме да го прашавме околу видеото насловено „Лепливи раце“ каде што се гледа како тој зема пари. Но останавме без одговори на прашањата колку пари добил во кеш, од кого ги добил, и зошто некој имал потреба да го снима доколку станува збор за приватен однос.
Сепак Дончев вели се што имал да каже- го пишал во писмениот демант, каде вели дека снимките биле нецелосни, со цел тој политички да се деградира, но и ја потврдува ја содржината на видео материјалот.
-Објавената Видеоснимка по мое сеќавање е од поодамна и станува збор за снимка од приватен карактер. Секако, останува понатаму Државните институции да си ја вршат својата работа, вели Дончев во демантот.
Во видеото се гледа како Ден Дончев наводно зема поткуп, но тоа за Обвинителството не е доволно да поведе предмет по допрен глас. Од таму велат немало да постапуваат по нецелосни снимки и претпоставки, иако јасно се гледа како Дончев, зема одредена сума пари која ја става во ташна.
-Во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција е откривањето на кривичните дела од економско финансиска природа. Обвинителството укажува дека секој што поседува докази дека е сторено кривично дело истото треба да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во обвинителството и да ги приложи доказите по што обвинителството ќе отвори предмет и ќе преземе дејствија за расветлување на случајот.
Од СДСМ пак го бранат Дончев. Во негова застанаа и партискиот лидер Заев, како и неговата заменичка Шекеринска
-Очекувам сите оние кои што нешто тврдат тоа да го покажат со нешто повеќе од аудио без видео и видео без аудио. Изминативе месеци, претпоставувам и наредниве 20 до 30 дена на многу фејк њуз и тоа претпоставувам дека е очекувано во избори, изјави вчера Шекеринска.
За Дончев претходно во јавноста пукна и аферата „Рекет 2“. Во мај годинава тој поднесе оставка од директорската позиција во Фондот за здравствено осигурување правдајќи се дека била поради „лични причини“.
Матеја Петровски