Демократите: „Изборниот колегум не е надлежен да суди за уредбата на Мета за одложување на изборите“

Албанската опозициска Демократска партија(ПД), реагираше по веста дека утре Изборниот колегиум ќе одлучува за уредбата на претседателот Илир Мета за одложување на локалните избори.

Спорд партијата, Изборниот колегум нема надлежност да суди за уредбата како што за тоа определил премиерот Еди Рама.

Во изјава за медиумите, секретарот за изборни прашања во ПД, Иви Касо, рече дека уредбата на Мета е во сила и оти е задолжително да се спроведува на целата територија на Албанија.

-Против оваа уредба не постои никаков приговор до Уставниот суд, бидејќи не постои, ниту во други судови во земјата, вклучувајќи го и Изборниот колегиум. Еди Рама има само еден пат за да ја прогласи за неважечка уредбата а тоа е да ја оспори на Уставен суд. Улогата и надлежностите на Уставниот суд не може да ги преземе ниту Еди Рама, ниту неговите камикази во Централната изборна комисија или Изборниот колегиум, како што објави премиерот на украдени гласови со криминалот, изјави Касо.

Тој обвини дека Рама јавно излажал кога за Радио Слободна Европа изјавил дека уште пред неколку години Уставнот суд се произнесол дека актите потпишани од Претседателот на државата се индивидуални акти, кои кога се однесуваат на избори нив да ги разгледува Изборниот колегум и никој друг.

-Со ова, всушност тој веќе ја одредил одлуката на Изборниот колегиум.Тоа е една голема лага од сценариото на Еди Рама за да изгради една приватна држава,со приватни институции кои донесуваат одлуки во интерес на неговата криминална власт а не во име на Републиката, обвини Касо.

Според него,секоја одлука донесена со манипулации не може да го смени фактот дека 30 јуни е ден кој е одложен со уредбата на претседателот,туку дека тоа само го продлабочува уверувањето дека додека Еди Рама е премиер, во Албанија не може да има гаранции за слободни и фер избори.

-Слободните и фер избори се основата на демократијата и ние ќе продолжиме без ни еден чекор назад се до победата во оваа битка која ќе ја приближи Албанија со Европа и ќе го заштити достоинството на албанските граѓани,констатираше Иви Касо секретар за изборни прашања во Демократската партија.