Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија

170 фантомски пациенти на Кардиохирургија воопшто ги немало во системот „Мој термин“,ова е главната причина министерот за здравство Демири да го разреши медицинскиот директор на клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски.

Демири уверува дека случајот нема да заврши само со разрешувањето на докторот, туку ќе следува и пријава до јавното обвинителство поради сомнежи за фалсификат, односно дека се бришени луѓе од „Мој термин“, но изворот на информациите, министерот не сакаше да го открие.

Шокаровски,ги отфрла ваквите наводи и наводите на Демири. Најави дека наскоро ќе излезе со официјално соопштение.

Покрај Шокаровски, разрешена е и раководителката на Програмата за превенција од кардиоваксуларни заболувања, Александра Ефтимова.Таа ја водела програмата за ангажирање на српски експерти кои земале дневница од 700 евра. Демири вели причина за тоа е бидејќи бил бојкотиран и таа не му доставила официјален извештај за кои доктори станува збор.

Инаку,Марјан Шокаровски ја презеде фунцкијата медицински директор на кардиохирургија по скандалозното разрешување на докторот Сашко Јовев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )