Делта сојот коси во регионот, надлежните не вклучуваат аларм

Ѓраѓаните стравуваат – здравствените власти смируваат. Забрзаното ширење на опасниот делта сој во регионот и во Македонија ги возбуди граѓаните. Бараат итно воведување на мерки за да не не снајде старото сценарио од ноември и март со преполни болници и илјадници заразени, според нив неопходно е да ги заштитиме границите.

И стручната фела е на ставот дека не смееме да ги повторуваме старите грешки и да не носиме задоцнети мерки.

Делта сојот е доминантен (59%) и во Германија,каде живеат 100 и кусур илјади Македонци.

Мерки, ко по обичај, нема да има додека не се упетља работата до крај.” – пишува д-р Ненад Лазаров на фејсбук.

Алармот на лекарите дека треба да за забранат прославите во затворен простор  и да се воведат засилени мерки на границите за министерот Филипче не важи – тој убедува дека протоколи за собири во затворен простор имало, а за границите ќе се знае по утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Инаку, делта мутацијата станува доминантна во повеќе земји во Европа. Меѓу нив се  Англија, Германија, Белгија и Холандија.Загрижува тоа што најголем број од новите инфекции се детектирани и кај помладата популација односно кај лица до 25 години.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста