Делови од општините Желино, Јегуновце и Тетово немаат исправна вода за пиење

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово известуваат дека заради зголемен најверојатен број на колиформни бактерии во 100 мл, испитаните примероци на вода за пиење во населените места с.Стримница и с.Желино – опш.Желино како и од с.Орашје – опш.Јегуновце, водата за пиење НЕ ОДГОВАРА на прописите за бактериолошка анализа. Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата за да може да се употребува за пиење. Исто така испитаниот примерок вода за пиење од населеното место с.Сараќино – опш.Тетово, НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен, најверојатен број колиформни бактерии во 100 мл и присуство на Escherichija coli индикатор на фекално загадување на водата. Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата.

https://www.facebook.com/CUKnaRSM/photos/a.1442559209157303/3359109480835590/?type=3&theater
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста