Делови од неколку скопски општини утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека за ден 22.09.2020 год. (вторник) се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:

• во периодот од 09:00 до 10:00 часот корисниците од броевите 1, 3, 7, 9, 13 и 16 на ул. Михаил Чаков, броевите 2, 7 и 11 на ул. Петар Дељан и училиштето Невена Георгиева Дуња, (Општина Кисела Вода)

• во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од дел од с. Глумово (кај џамијата). (Општина Сарај)

• во периодот од 08:30 до 15:30 часот дел од корисниците од ул. Анастас Митрев и дел од корисниците од ул. Венијамин Мачуковски (од бр. 1 до бр. 10) Општина Аеродром)

• во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од подулиците 1, 9 и 17 од ул. Козле, црквата Св. Пантелејмон и патот за с. Крушопек. (Општини Карпош и Ѓорче Петров)

• во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од Станицата за технички преглед на возила на ул. Лепенец бр. 10. (Општина Карпош)

Поврзани вести