НАЈНОВИ ВЕСТИ

Делови од Бутел и Сарај без вода

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 16.09.2020 (среда), поради промена на затварач, (шибер) од ф – 100мм., на ул. Благоја Паревиќ бр. 50 во н. Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Благоја Паревиќ и ул. Никола Малешевски од 09:00 часот до завршување (Опш. Бутел).

Исто така, поради чистење и дезинфекција на резервоар Матка на ден 16.09.2020 година (среда) во периодот од 09.00 до 13.00 часот, ќе има прекин на водоснабдувањето во населените места Горна и Долна Матка (опш. Сарај).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста