Делови од Бутел и Кисела Вода без вода до 12 часот

Oд ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека поради технички зафат во пумпна станица Бутел, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од нас.Бутел и објектите на ЕВН, фурна Диме, сервис Порше лоцирани на бул.Босна и Херцеговина (опш.Бутел). Поради поврзување на нов водоводен приклучок на ул.Милан Мијалковиќ бб, во нас.Пржино, во периодот од 10:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од нас.Пржино – висока зона од улиците Милан Мијалковиќ, Кочанска, Полог, Зеленгора, Пејо Јаворов, Караџица, Пандо Кљашев, Кара Трифун, Малина Поп Иванова, Мегленска, Виктор Иванович Глигориевич и Мариовска со сите краци во нас.Пржино (опш.Кисела Вода).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста