Делови од Аеродром, Чучер Сандево и Центар утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека за ден 23.07.2020 година (четврток), планирани се следните технички зафати во електро-системот во градот Скопје.

-во периодот од 07:20 – 15:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улиците: Ташко Караџа, Лазар Поп Трајков и Мите Богоевски. (општина Аеродром).

-во периодот од 08:30 – 15:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата: Бањани, Горњани, Чучер, Мирковци и Рамно. (општина Чучер Сандево).

-во периодот од 09:00 – 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците: Христо Смирненски броевите 22, 23, 25, 26, 27, 28, и 29. (општина Центар).

-во периодот од 10:20 – 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците: Мите Богоевски броевите: 21, 23, 25 и 27. (општина Аеродром).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста