Делчевско Стамер го доби привиот палентолошки музеј на отворено

Делчевско Стамер го доби првиот Палентолошки музеј на отворено. Сите авантуристи ќе имат можност да научат дека на вие простори пред неколку милиони години живееле жирафа, коњ со три прсти, носорг, слонови. Првиот уникатен фосилен експонат е пронајден пред 14години.

„Најкарактеристичен вид кој е пронајден на овој локалитет е токму овој Sivaterium Garevskii. Тоа што го прави најкарактеристичен е дека е прв вид во Европа, меѓутоа не е прв во Азија и Африка и овој вид преставуваше една алка која недостига, да ние ете знаеме дека копната во минатото биле споени„- изјави Билјана Гаревска од Природно-научниот музеј во Скопје.

Првиот фосилен остаток- рог од жирафа, го открива рударскиот инжинер Љубе Митевски. Од тогаш има пронајдено уште дваесетина фосилни остатоци кои се стари помегу 4 и 9милиони години.

„Имав основни познавања од палентологија, на Рударскиот факултет го имавме како предмет и го препознав на самиот терен дека се работи за фосил„-изјави Љубе Митевски, инжинерот што го открил првиот фосилен остаток.

Овде климатските карактеристики пред 23 до пет милиони години биле други нешго што се денешните, значи тоа било тропско, субптропска клима, којашто изобилува со голема вегетација, многу тревни еко системи и оттаму се развила значи оваа фосилна фауна„- изјави Васил Атанасовски од Македонското еколошко друштво.

Локалитетот Стамер е уреден преку Швајцарската агенција за развој и соработка. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста