Дел Потро се врати на тренинг

Хуан Мартин дел Потро за прв пат по операцијата на коленото се врати на тренинзите во Буенос Аирес. Аргентинецот е надвор од терените уште од минатата сезона, кога поради сериозни проблеми на десното колено мораше да се оперира во октомври. Дел Потро вели дека негова желба за натпреварувачи камбек е огромна, но до тоа му претстои тежок пат на рахабилитација. Моментално е на 128то место на АТП, а негов највисок рејтинг е третата позиција во август 2018-та.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста