Дел од градоначалниците бараат масовно тестирање на членовите на Општинските кризни штабови

Ниту еден член на Општинските кризни штабови во општините од источниот регион каде што има позитивни на корона вирус не е тестираан. По Куманово и Чешиново – Облешево се наметнува потребата од масовно тестирање на сите активисти кои работат на терен, вклучително и вработените во комуналните претприjатиjа, сметаат дел од градоначалниците.

– Требаше уште на самиот почеток да се организираат брзи тестирања за да се откријат случаи на инфицирани лица со Корона вирусот помеѓу граѓаните, посебно во оние општини каде што имавме константно зголемување на бројката –изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков

– Ова е многу важно, бидејки најголем дел од лицата кои се членови на ОКШ се лица коишто имаат многу и чести конктакти како со своите сограѓани, така и со своите соработници –изјави градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.

Градоначалникот на Штип, со друг став. Смета, дека тестирањето нема да ги даде очекуваните резулти. Секогаш постои можности лицето да се инфицира, откако ќе го добие негативниот тест. Според него најдобро е да се следат правилата на епидемиолозите..

– Секој оној кој имал контакт со некој од заболените, тогаш мора да биде на тестирање. Токму поради тоа епидемиолошките анализи коишто се прават се најпрецизни и најточни – изјави градоначалникот на Штип Благој Бочварски

Прва Локална самоуправа која стави клуч на вратата е Општина Чешиново – Облешево. Поради контакти со градоначалникот кој е позитивен на вирусот, во изолација се сите 19 вработени, a жителите своите проблеми и предмети ги решаваат во Кочани.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста