Декларација по примерот на бугарската со македонски црвени линии – услов за враќање на стабилна македонска дипломатија

Додека соседите калкулираат со отстапките на кои бил спремен македонскиот премиер Заев во Софија, бројни се негативните реакции и на експертите во земјава. Додека Македонија не заземе јасни позиции во однос на бугарското вето и не направи Декларација по примерот на Бугарија потпишана од сите политички субјекти а во која ќе бидат втемелени нашите црвени линии, не може да се очекува корист од преговорите, вели за Алфа поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

 Новото фијаско на владината тројка Заев, Димитров и Османи ја покажа само неинвентивноста на власта да ја координира ситуацијата со бугарското вето. Без никаков конкретен предлог за надминување на проблемот, без никаква јасна перцепција и претходно подготвен концепт Заев отиде на средби кои не носат ништо добро за Македонија коментира за Алфа поранешниот амбасадор Јован Донев.

Во Среда Унијата треба да донесе одлука за почнување на преговорите за членство на Македонија, но по студениот туш од Софија се поизвесно е дека земјава повторно извиси. Во јуни тешко, а до декември можеби – македонските интеграции и на овој самит на Унијата  се поизвесно дека остануваат само посакувана желба.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста