Дејвид Гир: Македонија да го искористи позитивниот моментум

Дејвид Гир: Македонија да го искористи позитивниот моментум

Процесот за проширување останува врвен приоритет и на новите челници на Европската Унија, порача денеска од Виница, евроамбасадорот Дејвид Гир.  Според Гир, во моментот постои огромна можност и Македонија треба да ја искористи, но и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат.

„Лидерите на владите на 27земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет исто така за следната структура на европските институции. Не гледам тука никаква промена. Единствената работа која можам да ја додадм е дека во овој момент навистина постои огромен моментум и огромна можност за да може Северна Македонија да го искористи во контекст на проширувањето на Европската Унија, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.

Шефот на Делегацијата на Европската Унијан денеска ја посети Виница, а со градоначалникот Миле Петков разговараа за економските можности и природниот потенцијал со кои располага градот. Посебен акцент беше ставено на проектите  финансирани со европски средства.  

„Овде би ги спомнал регионалниот систем за управување со отпад, односно изградба на регионална депонија во источниот и североисточниот регион, реконструкција на главниот колектор и секундарната канализациона мрежа и поврзување со пречистителна станица за отпадни води , како и изградба на атмосферска канализација во централното градско подрачје во Виница„ изјави градоначалникот на Виница, Миле Петков.

Во рамки на проектот „Прашај го амбасадорот„ евроамбасадорот Гир се сретна со советниците, а во текот на денот предвидени се и средби со граѓаните и невладиниот сектор.   

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )