ДЕЈАН МАНАСКОВ НЕ Е МЕЃУ КОРОНА-ЗАРАЗЕНИТЕ ВО ВЕСПРЕМ

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков не е меѓу тројцата заразени во Веспрем со Ковид-19. Кентан Мае, Блаж Благотиншек и Мате Лекаи добија позитивен корона тест, што значи Манасков ќе се појави на собирот со нашата сениорска репрезентација на 30ти месецов. Македонија на 4 ноември ја пречекува Финска, а три дена подоцна гостува во Швајцарија во квалификациите за наредното ЕП.