Дејан Кулушевски од Парма кандидат за наградата “Златно момче“ на светскиот фудбал

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски е меѓу стоте номинирани за традиционалната награда „Голден Бој“ што ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“. 20 годишниот актуелен напаѓачот на Парма, а иден на Јувентус, зошто пред некој месец потпиша со Старата Дама, е единствен годинава кој може да се поврзе со Македонија. Инаку во конкуренција се и Ерлинг Халанд, Џејдон Санчо, Винисиус, Родриго, Фати, Малдини, Хадсон Одои, Дејвис итн. Процесот на избор оди така што прво списокот се крати на 20, а потоа гласааат навивачите и новинарите.