ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ПЛАСИРА ВО ФИНАЛЕТО ВО КАТЕГОРИЈАТА НАД 80 КГ. НА ТЕКВОНДО ТУРНИРОТ НА ЛОИ

Во финалето на категоријата до 80 килограми на теквондо натпреварите во Токио рано поладнево од 14.45 Дејан Георгиевски ќе се соочи со првиот фаворит Русинот Владислав Ларин кој денеска е навистина импресивен. Започна со 24-3 против Тонгоанецот Туафатофуа, продолжи со 16-3 против Словенецот Трајкович, а во претпладневната сесија заврши со многу убедливи 30-3 со Кинезот Сун. Георгиевски и Ларин до сега не се сретнале и немале меѓусебна борба, Дејан е помлад три години, има европска титула од пред три години, а 25 годишниот рускиот текондист поседува Светска од пред две. Тој е повисоко рангиран на моменталната Светска теквондо листа што го прави мал фаворит во финалето, но се е отворено и се е можно особено што Георгиевски покажа зрелост, квалитет, желба и срце, а тоа во спортот знае и треба да биде наградено. Македонија очекува прво злато од Олимписки ирги, но нема да бидеме разочарани и ако остане сигурното сребро зошто нашето најголемо достигнување од осамостојувањето на Македонија е бронзата на Могамед Ибрагимов во Сиднеј..

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста