Доколку се одржи најавениот УС Опен сезонава, учесниците ќе мора да ги почитуваат строгите правила и мерки за заштита од Коронавирусот.

Именувани за престој се два хотела, на 30тина минути од главниот терен. Секој тенисер ќе се тестира на Ковид-19, и се додека не добие негативен тест, нема да смее да го напушти хотелот. Втор тест е предвиден најдоцна 48 часа од пристигнувањето. На располагање ќе имаат тренинг центар, на кој задолжително ќе носат маски, а темпрература ќе им се мери пред секој тренинг и натпревар.

Отвореното првенство на САД е предвидено да почне на 31 август, а да заврши на 13 септември.