НАЈНОВИ ВЕСТИ

Децата ќе продолжат да учат од дома во Унгарија

Одлуката за повторното отворање на училиштата во Унгарија  е повлечена со оглед на тоа дека вирусот се шири и меѓу најмладите соопшти премиерот Виктор Орбан. 27 од речиси 10.000 луѓе кои се лекуваат од корона вирус во болниците во Унгарија  биле деца на возраст под 14 години, а две од нив се на респиратор.

Одлуката за повторното отворање на градинки и 1-4 одделение во основните училишта од 19 април беше повлечена од фактот дека бројот на деца кои се заразиле со ковид 19 пораснал. Исто така, родителите кои сакаат нивното дете да им продолжи со оналајн настава може да се обратат до училиштето – рече тој.

Орбан ги повика наставниците да „помогнат во, како што го нарече –  „рестартирањето на земјата“, притоа признавајќи дека тоа најтешко ќе биде во основното образование на децата. Сите наставници кои досега се пријавиле за вакцинација се имунизирани. 

Имаунизацијата, генерално, одлично се одвива во Убнгарија. Од досега  пријавените над 4 милиони и 200 илјади,  имунизирани се 3 милиони 145 илјади Унгарци.

Орбан ги повика граѓаните на Унгарција да се вакцинираат против коронавирусот бидејќи како што рече – тоа е прашање на индивидуална одговорност и заштита и дека спасува животи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста