Дебатата да ги замени поделбите: 10-те принципи на Мицкоски се нешто што треба да го направи секој политичар

Дебатата да ги замени поделбите: 10-те принципи на Мицкоски се нешто што треба да го направи секој политичар

10-те принципи за делување, борбата за правда и правна држава, крајот на партизацијата, подобриот животен стандард, силното образование, крајот на етничките конфлитки, принципите кои премиерот Христијан Мицкоски ги претстави за сплотеност во државата, се нешто што би го направил секој разумен политичар. Според познавачите повикот сите заедно да се здружат за подобра иднина е нешто што требало да се случи многу одамна.

-Пораката е доста издржана, поготово околу она прашање дека треба да престанеме да се делиме во табори, поготово во етнички аспект, тоа ќе се направи со одредени заштити кои веќе ги има во институциите на системот, каде што никој не би требало и не смее да биде обесправен, поготово не по етничка, расна или политичка припадност. Но, најбитното нешто кон кое мора да се стремиме е барањето квалитет, барањето на стручност, на компетентост, вели политичкиот аналитичар Александар Ристевски.

Мицкоски испрати порака и до опозицијата, да се реформира и да не биде веќе приврзок и параван на криминални политичари и да седнат заедно на маса со цел градење македонска платформа за заедничко делување во иднина. Според Александар Ристевски, во секоја нормална држава би требало власта и опозицијата да го прават токму тоа.

-Оваа иницијатива ќе стави до знаење да сфатиме дали имаме намера да направиме функционална држава или се бориме само за своевидна гола борба за власт. Што сакам да кажам, дискусија и дебата секогаш мора да има, не смееме да се доведеме во ситуација да изиграваме мали деца. Дебатите, битките и различностите во ставовите се водат на маса, вели Ристевски.

Мицкоски испрати порака до сите политичките чинители да се здружат и обединат околу 10-те приницпи, оние кои потребно да се реформираат и исчистат од криминалот и да ја прифатат оваа платформа.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста