Давидовиќ за Алфа: Ова со СЈО е гаснење пожар, власта немаше доблест да го реши проблемот како редовна Влада

Владата не се откажува од СЈО, смета дека Уставниот суд треба да ја укине времената мерка за стопирање на исплатата на нивните плати. Интересно само за оваа уредба Владата дава вакво мислење, а за другите две молчи, односно минималните плати за функционерите, судиите и обвинителите.

Адвокатот Звонко Давидовиќ за Алфа вели дека Владата со ваквиот потег се обидува да си ги поправи грешките од минатото, кога не ги слушаше експертите и заборави на законот за СЈО, кога се носеше новиот закон за ЈО, па ги преспрадели само обвинителите во други Обвинителства, а за останатите вработени не реши ништо.

-Ова со СЈО е гаснење на пожарот затоа што луѓето кои што таму не по своја вина останале без работа. Законот е се уште во сила, не зеле плата подолг временски период и Владата мисли дека со вонредната состојба, кога има ингеренции да донесе некои уредби со законска сила ова ќе го реши, но немаше доблест да го реши како редовна Влада во редовна постапка без вонредна состојба, вели Давидовиќ за Алфа.

Давидовиќ вели дека Владата го прекршила законот за судови и Уставот со уредбата за намалување на платите на судиите.

-Со таквата уредба се крши законот за судовите и Уставот и се навлегува во независноста и самостојноста на судството, се ограничуваат платите, нешто што не е дозволено со член 2 од законот за судови, кој вели дека дури ни со закон платата не може да се намали, вели Давидовиќ.

Уставниот суд пред околу една недела донесе одлука да ја испитува уставноста и законитоста на три владини уредби. Едната за СЈО, другите за минималните плати на функционерите, судиите и обвинителите. Со времена мерка беше стопирано нивното извршување. Владата за платите не испрати никакво мислење до Уставен, но испрати за СЈО.

Матеја Петровски