Даскаловски: Заев побара да се гласа доверба на Владата не затоа што е моќен, туку затоа што тоне

Гласањето на доверба на Влада не покажува колку е моќна извршната власт, напротив покажува колку е слаба, коментира аналитичарот Жидас Даскаловски кој вели дека Заев го искористил правото од Деловникот за изгласување доверба на влада во еден ден, без дискусија, со цел јавноста да биде укратена да ги чуе аргументите на пратениците кои се незадоволни од нивното владеење.

Прв пат во историјата се користеше член од деловник на Собрание со кој што премиерот може да побара доверба односно недоверба на Влада, без одредени правила и без право на дискусија. Сметам дека тоа го направи не затоа што има моќ и сила оваа Влада туку затоа што е доста немоќна и постојано тоне во секој поглед. Тоне здравствено, економски, на меѓународен план, корупција. Со тоа што јавноста без ускратена да ги чуе сите аргументи од опозицијата беше позитивно за Зоран Заев и Владата на СДСМ која што всушност не сака јавноста да ги дознае сите катастрофални политики што таа ги води, коментира за Алфа – Жидас Даскаловски – аналитичар.

Даскаловски посочува дека фактот што се изгласа доверба на Влада не гарантира стабилно мнозинство, оти се погласни се помалите политички партии кои сакаат сами да дејствуваат во парламентот, надвор од колацијата на СДСМ.

Се повеќе слушаме дека коалициони партнери, партии и поединци дека не сакаат да бидат повеќе дел од колацијата на СДСМ, дека сакаат самостојно да делуваат. Слушаме за превирања во ДУИ. Генерално има еден револт и негодување кон оваа Влада, така што многу е поверојатно да имаме и понатаму нестабилна Влада, отколку да се стабилизира состојбата, коментира за Алфа – Жидас Даскаловски – аналитичар.

Опозицијата не е изненадена од чекорот на Заев вчера во Собранието, велат гласањето доверба на еден шверцерски начин и без дебата само потврдува дека Заев не е сигурен во своето мнозинство.

Што се однесува на тезата дека со ова си купил мирно владеење, вистината е дека си купил уште броени денови за Владата која стои на стаклени нозе и дише на апарати. Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради ковид-19, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање од власт. Прашањето за доверба следниот пат ќе го постави опозицијата во моментот кога ќе обезбеди 65 пратеници кои ќе се потпишат. Тоа ќе биде денот кога сите негови актуелни закани, уцени и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода. Оваа власт ќе падне, вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија пак велат дека се разобличиле лагите на опозицијата и еднистевно нешто што е нестабилно во моментов е партијата на Мицкоски.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста