ДАНСКА-ШПАНИЈА И ФРАНЦИЈА-ШВЕДСКА СЕ ПОЛУФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ НА РАКОМЕТНОТО СП

Данска-Шпанија и Франција-Шведска се полуфинални двојки на Светското машко ракометно првенство во Египет. Во денот за четвртфинале две долги пресметки, едно дерби и само еден поизвесен дуел. Данците одиграа 80 минути со Египет и не го скришија нивниот отпор се до изведувањето пенали по кои бранителот на титулата си обезбеди победа од 39-38. Сега едно ниво порано ќе следиме реприза на мундијалската завршница од пред две години зошто и Шпанија во најдобриот меч од првата елиминациска фаза беше подобра од Норвешка со 31-26. Тоа е првиот двобој за утре, а во вториот, Француите кои мораа да играат продолжение против Унгарија за победа од 35-32 ќе се соочат со Шведска која немаше никакви проблеми со Катар и славеше со 35-23. Станува збор за редовните термини 17.30 и 20.30 со тоа што натпреварите за распределбата на медали в недела е нешто порано.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста