Данска од среда ги отвара училиштата и градинките

Данска ги ублажува мерките против епидемијата со Корона вирусот. Земјата веќе од среда ќе ги училиштата и градинките, со што учениците на возраст од 11 години ќе се вратат во училишните клупи.

Данска е една од првите европски земји што пред еден месец воведе мерка за затворање на училиштата.

– Важно е Данска да не е затворена повеќе од тоа што е потребно, рече премиерката Мете Фредериксен.

Таа додаде дека ширењето на вирусот е ставено под контрола и Владата сака повторно да ја придвижи економијата, но дека тоа нема да успее толку брзо.

– Ако премногу брзо ја отвориме Данска, ризикуваме инфенцијата повторно да се шири брзо, рече премиерката.

Досега во Данска од Ковид-19 се заразени 6.174 лица, а починаа 273 луѓе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста