ДАНСКА И ШПАНИЈА СЕ ПРВИ ПОЛУФИНАЛИСТИ НА СВЕТСКОТО ЖЕНСКО РАКОМЕТНО ПРВЕНСТВО

Селекциите на Данска и Шпанија се први полуфиналисти на Светското првенство за ракометарки. Данска го совлада Бразил со 30-25 и сега го очекува подобриот од денешниот меч на Франција и Шведска, а домаќинот на настанот Шпанија синоќа беше подобар од Германија 26-21, а во следниот дуел од кој ќе се патува во финалето ќе се сретне со поуспешниот од попладневното соочување на Норвешка и Русија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста