Даниловски за Алфа: Ние не можеме да го обвинуваме народот, меѓутоа треба да се запрашаме зошто народот така реагира ?

Откако недлежните го вперија прстот кон граѓаните за непочитување на мерките, епидемиологот Даниловски за Алфа вели – не се виновни граѓаните толку, колку што надлежните потфрлиле со слабата информираност.

“Недоволното информирање си го стори своето. Ние не можеме да го обвинуваме народот, меѓутоа треба да се запрашаме зошто народот така реагира? Зошто реагира како да не постои проблемот. Требаше да се активира власта за кампањите, мислам дека тоа требаше многу порано да се направи и по жестоко за да видат граѓаните со каков невидилив непријател се соочуваме” – вели Драган Даниловски, епидемиолог.

Наглиот пораст на корона кривата во земјава е поради избрзаното олабавување додава тој. Сепак е оптимист дека пикот на вирусот е достигнат но, вели и понатаму останува заканата за разгорување на пожарот.

“Не требаше толку нагло да се релаксираат мерките. Угостителските објекти не смееа толку нагло да се распуштат. Со тоа кај граѓаните се даде сигнал дека кризата е завршена. Затоа, требаше да се подготви јавното мнение, денови претходно дека ќе има олабавување, но дека не e се завршено.” – вели Даниловски.
На прашањето за дали треба измени во комисијата за заразни болести Даниловски остана воздржан. И на крајот дали треба да има избори на 5 јули, Даниловски одговара:

“Во моментов е неблагодарно да се прогнозира кога би можеле да се одржат изборите.Од една страна епидемиолошките критериуми се мошне строги, и ако се следат само нив, треба еден месец да чекаме да нема ниту еден позитивен пациент , но сепак тоа не е објективно реалано. – рече Даниловски.

Според него, одлуките за одржување на избори на крајот се носат политички.

 

Ања Василева 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста