Даниловски: Високите бројки очекувани, но не толку брзо и не толку нагло

Високите бројки очекувани, но не толку брзо и не толку нагло. Причината за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, епидемилогот Драган Даниловски ја гледа во задоцнетите рестриктивни мерки и недоволната неажурност на инстиуциите.

“Каде е контролата, никаква беше досега..или симболична. Инспекциите се импотентни. Немале ингеренции да интервенираат на лице место. А требаше превентивно да патролираат и да дејствуваат да се грижат и да казнуваат за непочитување на протоколите. Воошто не требаше да се дозволи ваков скок како сега. Сега ќе гасиме непотребно разгорен пожар.” – изјави д-р Драган Даниловски, епидемиолог.

Полните пазари и маркети,полните автобуси кафулиња и ресторани ова е тоа што треба да ги загрижи здравствените власти, смета доктор Даниловски. Ако не се најде решение ќе биде уште пострашно, предупредува епидемиологот. Концизно укажува дека се потребни поригоозни мерки, посочува и на опцијата полициски час.

Треба да се воведат локални рестрикции во форма на полициски час од 22 или 23 часот до утрината до 5.Ако така не се реагира се чини дека ќе ја испуштиме работата и ќе биде доцна.” – посочува д-р Даниловски.

Стравува како здравствените работници ќе го издржат притисокот.

“Здравствените работници се на работ на издржливост. Настрана тоа што секој ден имаме нови хоспитализирани пацинети од 10 до 15. До кога ќе издржи здравствениот систем вака се прашувам?“ – изјави Даниловски.

Загрижува и рекордниот број на хоспитализирани пацинети . На Инфективна клиника во моментов се хоспитализирани 86 лица, а во ГОБ „8 Септември“ 44.И во останатите градови капацитетите се речиси исполнети. Сега, кога се најпотребни долгонајавуваните 16- монтажни ковид болници кои требаше да бидат готови минатиот месец за нив се уште нема пари, дали ќе почнат да се поставуваат и кога останува непознато.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста