Даниловски: Тешко дека ќе се исполнат критериуми за да се организираат безбедни избори во Македонија

Епидемиолошките критериуми се строго ригидни. Не може да се организира масовен настан од која било природа ако не се исполнети овие критериуми: да не се регистрирани заразени случаи за време на двете максимални инкубации, вели доктор Драган Даниловски, директор на Институтот за епидемиологија и биостатистика на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен министер за здравство во македонската влада во интервју за хрватски „Т портал“.

На прашање на новинарот дали треба да се дозволат избори во Македонија, закажани за почетокот на јули Даниловски вели дека очигледно, таков критериум е тешко да се исполни.

И затоа практично сите одлуки за масовните настани се, пред сè, политички. Станува збор за уметност на управување, уметност при избор на најповолен компромис помеѓу здравствени ризици за населението од една страна и други видови на ризици (социјални, економски, политички). Основниот принцип е: мерките преземени во дадена криза никогаш не смеат да предизвикаат поголема штета отколку што би била предизвикана од таа криза, вели Даниловски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста