Даниловски: Идеално би било секој што ќе се накашла да биде тестиран

Алгоритмот кој е пресуден дали болниот може да стигне до ковид тест, за голем дел од граѓаните со слични симптоми на обичниот грип е практично недостижна мисија. Од таа причина, матичните лекари бараат одврзани раце за тестирање без алгоритам. За епидемиолозите пак, идеално би било секој кој што ќе се накашла да биде тестиран, но реалноста, за жал, е поинаква.

“Потешкотиите со кои се соочуваат претпоставувам дека се во доменот на брзината на резултатите. Капацитетот на лабараторијата на ИЈЗ и останати лабаратории е ограничен. И едноставно  не може да се стигне, затоа што – практично од огромен број на пацинети кои имаат респираторни симптоми кога сите би се тестирале тоа е голема набавка што треба да се чека. Капацитетот е ограничен.” – вели Драган Даниловски, епидемиолог.

Алгоритмот според Даниловски, имал смисла само додека вирусот бил на ниво на “кластери”. Според него, сега секој вид на тестирање е добредојден.

“Секаков вид на тестирање врши работа. Серолошките тестови покажуваат дали има или нема антитела против грипот.Нас ни претстои есенскиот период кога ќе ни се измешаат сезонскиот грип и сезона на настинки тек тогаш се прашувам што ќе биде. Мислам дека е паметно граѓаните кои се во ризични категории да се вакцинираат против грипот зошто на таков начин ќе се олесни целата ситуација со смила на тоа да барем грипот да биде елиминиран.” – изјави Даниловски.

За да се справи Македонија со епидемиското ширење репродукцискиот број треба да се намали под 1, вели Даниловски. А тоа би се постигнало со нагло воведување на рестрикции кои ќе траат кратко ама ефикасно.

“Само со нагло пртисикање на кочницата би имало ефект. Односно, воведување интервентни рестрикции во смисла на ограничување на работата на угостителските објекти, краткотраен полициски час во доцните ноќни часови. Ако тоа не го направиме вака ќе се гњавиме падни, стани, којзнае до кога.” – апелира Даниловски.

Матичните лекари во меѓувреме ќе продолжат да мачат мака. Со оглед на фактот дека сега сме во ек на многу стомачни вируси, дијареи и слично тие се потешко ќе можат да им обезбедат ковид тестови на пациентите.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста