Дани Парехо е навреден од начинот на кој Валенсија го даде во Виљареал за 0 евра

Поранешниот шпански репрезенативец Дани Парехо се уште не може да свати зошто Валенсија го избрка. 31 годишникот со солзи во очите на шпанските новинари им се жалеше дека никој од клубот не разговарал со него и дека не му е објаснето зошто мора да си оди од, како што вели тој најубавото фудбалско место на светот. Парехо инаку се сели во најблиското соседство во Виљареал, кој, ако е точно, го добил извонредниот креатор за 0 евра, што е раритено во денешниот фудбал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста