Дамаск против договорот меѓу САД и Турција за зона за безбедност во северна Сирија

Официјален Дамаск денеска соопшти дека категорично го отфрла планот на САД и Турција за создавање зона за безбедност во северна Сирија, обвинувајќи ги сириските Курди за предлогот, пренесоа светските агенции.

„Сирија категорично и цврсто се спротивставува на договорот меѓу американските и турските окупатори за создавање таканаречена ’зона за безбедност’ во северна Сирија“, изјави владин извор за државната агенција САНА.

„Сириските Курди, кои прифатија да се претворат во средство во овој агресивен американско-турски проект, ја носат историската одговорност за тоа“, додаде САНА.