Дали Заев ако изгуби на изборите ќе си даде оставка?

Заев не кажува дали ќе си поднесе  оставка ако изгуби на изборите на 12 април, вели убеден бил дека ќе победеле

Сега знаеме дека ќе победиме, и затоа остануваме на ставот дека воопшто не размислуваме за таква работа, затоа што знаеме дека ќе победиме, вели Заев.

Овие изборни циклуси Заев калкулира со одговор на прашањето дали ќе понесе политичка одговорност ако изгуби на изборите, што во минатото не беше пракса за него.

Во ек на референдумот екс премиерот ја уверуваше јавноста дека доколку народното изгаснување за промена на името биде не успешно тој ќе се повлече од политиката.

-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31.08.2018-та.

-Јас сум толку сигурен дека ќе успее референдумот во Република Македонија, што одговорот е ДА, ќе заминам. Ако не успее референдумот во Република Македонија, тоа значи дека едни од најсериозните гаранции за иднината на мојата земја јас не сум успеал да ги постигнам, убедувајќи го мнозинството од овој народ, рече Заев на 25.06.2018-та.

Иако цензусот на референдумот не беше исполнет, а со тоа и законски референдумот беше не успешен, сепак Заев го промени името и оставка не си даде.

Но тоа не е прв пат Заев да најави оставка, а истата да не ја поднесе. Во 2016тата година како што своевремено пишувал весникот Дневник, екс премиерот истакна дека ако не победи на 11 декември ќе се повлече од фукнцијата.

Ако Зоран Заев ги изгуби овие избори, јас, меѓу другото, се борам и за морални и етички вредности, за одговорност и транспарентност во нашето работење. Ако ги изгубам изборите, ќе си дадам оставка и ќе заминам од политиката и тоа да им биде јасно на сите. Ако победам, ќе ги добијам одговорноста и честа да го имплементирам овој нов концепт за кој се залагам и да им докажам на сите дека може Македонија да биде добра земја.

Но овој пат Заев не кажува дали ќе си даде оставка ако изгуби, а избегнувањето да одговори конкретно на ова прашање според Мицкоски јасно покажува дека партиските структури на СДСМ се демотивирани, па Заев тактизира со одговори.

 После дебаклот еве на 12-ти вечерта ќе имате можност да му го поставите ова прашање на господинот Зоран Заев, еве сега сте поразен, изгубивте, дали сега ќе си поднесете оставка,  бидејќи тогаш тоа веќе ќе биде реалност. Тогаш нема да можат да му кажуваат скапо платени пи-ар консултанти  кои што ги донел од север да му викаат не треба вака, туку треба така. Тогаш ќе имате можност да му го поставите тоа прашање, рече денеска Мицкоски.

Останува отворено прашањето што ќе направи Заев доколку загуби на изборите, дали ќе остане на чело на СДСМ или пак овој пат навистина ќе замине од политиката.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста