Дали ВМРО-ДПМНЕ го оди патот кон формирање на влада?

Како што се наближува 14 август, односно последниот ден од истекот на рокот кој го има Пендаровски за да го додели мандатот на една од политичките партии за состав на влада, се повеќе се интезивираат средбите на лидерите на политичките актери.

Она што е официјално е дека во текот на вчерашниот ден беше остварена средба меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Што поконкретно се зборувало не е објавено со цел да не се наштети на процесот, бар така велат партиите. Средбата која се одржала во Собранието на Р.Македонија траела околу 1 час.

Во однос на преговорите за формирање парламентарно мнозинство како што неколку пати наведовме и рековме, и тука од прес центарот, и претседателот Мицкоски, правиме напори да формираме парламентарно мнозинство. Во однос на средбите, вчера имаше и јавна информација дека имаше средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во Собранието на Република Македонија. Не би можел да навлагам во детали бидејќи процесите на преговори се уште траат, за да не им наштетиме на процесите, истакна  Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Средба со Ахмети имал и Заев, но и за тој состанок инфомации нема. Османи од ДУИ вели дека засега не си пружиле рака со ниедна партија за коалиција, но преговорите се во тек. Вели важно е да се врати довербата во институциите.

Како изминуваат деновите откако се конституираше собранието, во недостиг на официјални информации, во јавноста се поприсутни се шпекулациите за постизборни коалиции за формирање влада.

Една од нив е дека лидерот на СДСМ ја менува тактиката во обидот да направи нова влада.

Наводно во меѓу партиските разговори што се одржуваат деновиве Заев на идните потенцијални партнери им давал гаранции дека го има потребното мнозинство од 61 пратеник, но дека му се потребни уште два до три дена да постигне договор со двајца пратеници од редовите на ДУИ.

Се шпекулира дека деновиве се направени лични и индиректни контакти преку блиски луѓе на двајца пратеници на ДУИ кои не се дел од военото крило на партијата и кои без влезот на партијата во владата немаат интерес за останување во Собранието.

Од СДСМ за оваа засега не реагираа, но преку соопштение се огласија дека во тек се сериозни преговори за состав на нова влада која ќе се грижела за сите.

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата.

А албанските медиуми објавија и дека СДСМ веќе имаат во план ако направат влада, на чело на собрението да ја постават Радмила Шекеринска.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста