Дали училиштата во Чаир се последните кои ќе бидат преименувани?

Со албански и македонско знаме, дечиња во албански носии и десетици родители, но и функционери од ДУИ, денеска на поранешното чаирско училиште Никола Вапцаров осамна табла Имри Елези. Адеми кој прв се пофали на социјалните мрежи дека и официјално ќе се променат имињата на две училишта не одговори конкретно дали и некои други воспитно-образовни установи ќе бидат преименувани.

Се до сега од мене како министер за образование и наука што е побарано согласност за преименување на училишта или промена, измена, или дополнување на статутот на училиштето, бидејќи со статут се именуваат училиштата, секогаш добиле согласност, истакна Адеми.

Зошто мораше да биде избрано името на припадник на ОНА, а не на некој писател, уметник..Адеми вели за тоа не одлучувал тој туку иницијативите ги поднесувале училишните одбори, а во Македонија, како што вели тој не сите школи носат имиња на нобеловци, туку има и некои кои се именувани во чест на револуционери,комити.

„Ако ги погледнете имињата низ целата територија на Република Северна Македонија не секогаш се ставаат имиња на училишта од писатели, нобеловци, академици, има и имиња на комити“, вели Адеми.

По објавите дека ќе бидат сменети двете македонски имиња од училиштата, се огласи и Артан Груби кој напиша дека училиштето во кое предавала мајка му, а тој учел и во кое сега таму се образуваат и неговите деца, конечно е 100 отсто албанско.

Тоа училиште чиј директор до вчера беше Трајко, денес ја има Мерита, до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско, вчера се викаше „Никола Вапцаров“, денес се вика „Имри Елези“, име на ученик на ова училиште, паднат борец, напиша Груби на фејсбук.

Покрај Никола Вапцаров, односни Имри Елези, променето е и името на училиштето Рајко Жинзофов кое веќе се нарекува Исмаил Ќемали.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста