Дали свесно заразени младоженци од Австрија правеа свадба во Македонија?

Контрадикторни информации од Центарот за јавно здравје и охридската општа болница, го замрсуваат случајот сомедениот месец на македонските младоженци во инфективното одделение кои на 31-ви јули дошле во Охрид за да прават свадба на која како што дознаваме имало повеќе од 100 гости.Иако младоженецот уште на пат кон Македонија не се чувстувал добро, од Центрот за јавно здравје тврдат дека симптомите со покачена температура кај него се појавиле три дена по свадбата,а бил хоспитализиран на 05-ти август.

“ Младоженецот живее и работи во Виена каде редовно на 48 часа задолжително се тестира за да може да оди на работа. Патувал 14 часа од Виена до Охрид. Во Охрид пристигнал на 20-ти јули. Тој на денот на свадбата не бил инфективен. Ставени се во изолација најблиските контакти” велат од Центар за јавно здравје-Охрид.

Но вчера, главната сестра на инфективното одделение во охридската болница,кажа декамоментално во модуларната болница се хоспитализирани 5 пациенти,меѓу нив и младоженците од Австрија.

Од тие 5 хоспитализирани пациенти,тројцата пациенти се дојдени од странство и се од таму позитивни дојдени.Никој кај нас не ги контролирал на влез ,едниот е од Белгија, а двајцата брачни сопружници се од Австрија, не се вакцинирани пациентите-рече вчера Мира Спасова-медицинска сестра.

Од Центарот за јавно здравје не одговорија на нашето прашање, дали е точно декакорона вирусот веќе е дијагностициран и кај еден вработен во хотелот каде што се одржувала свадбата.

За настанот кој предизвика силен револт во јавноста, Основното јавно обвинителство Охрид сеуште не отворило предмет по допрен глас.

” До овој момент до Основното јавно обвинителство Охрид не е доставена пријава или известување за настан каков што наведувате. Јавното обвинителство ќе поведе постапка само доколку се утврди дека во конкретен настан постојат елементи кои упатуваат на сторено кривично дело”-велат од ОЈО.

И додека видео снимки од свадбата охриѓани наголемо ги споделуваат меѓусебе, на социјалните мрежи врие.

“Зошто не направија саглам мерки ,било кој да влезе во Македонија,дали наши граѓани или странски лица,да приложат негативен тест.А за свадбите, зарем толку не може да се направи свадба со 20 луѓе,или мора да бидат од 300 нагоре?Овој народ нема емапатија, грижа на совест и да не мислиш на своето здравје и на здравјето на околината.Овој народ од простотилок ќе умре. Се надевам дека младоженците се горди на својата себичност.На почеток од пандемијата ќе си рече човек не знаат што ги очекува,превид од непознато,но сега кога имаме можност да видиме низ цел свет што се случува,ова е тотален дилетантизам”-ова се дел од коментарите кои ги преплавија социјалните мрежи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста