Дали спомен кулата на ОНА во Липково, е најголемата инвестиција во општината?

Градоначалникот на Липково Арифи и два дена откако го баравме за информации за изградбата на спомен кулата во село Слупчане, не се јави да ни ги даде потребните одговори, зошто токму сега во време на пандемија се трошат неверојатни 200 000 евра за изградба на спомен кула во чест на борците на ОНА. Дали изградбата на кулата е приоритет пред изградба на канализации, патишта, реновирање на училишта?

Изградбата на спомен обележјето ја најави и лидерот на ДУИ, Ахмети на 2 мај, каде на местото каде треба да се изгради кулата даде рок дека таа ќе биде завршена кон крајот на ноември, па така и стои во договорот за изградба на споменикот. Фирмата Хоџа инжинеринг треба да го заврши проектот до 25 ноември.

Но што е направено за Липково за подобрување на квалтитет на живот за жителите на општината од страна на првиот човек на општината, но и од централната власт каде учествува ДУИ, изминативе 4 години, прашува албанската опозициска партија Алијанса на Албанците од каде посочуваат дека од Арифи било ветувано дека ќе се донесат инвиестиции и ќе се намали невработеноста.

Јавно го прашуваме Градоначалникот Еркан Арифи, да ни наброи една единствена инвестиција што ја донел за развојот на локалната економија и намалување на невработеноста.  За да ни биде појасно за несработувањето на нивната работа, како жители на општина Ликово, го прашуваме јавно Еркан Арифи, не само како локална самоуправа, туку и централна власт и тоа не само во последните четири години, но, за сиве 20 последни години, да ни каже за само една инвестиција во развојот на економијата и намалување на невработеноста во нашата општина-велат од Алијанса на Албанците.

Од партијата на Села велат дека состојбата во Липково е мизерна и младите си заминуваат од таму.

Инаку токму градоначалникот Арифи кој е во фокусот на јавноста изминативе денови, е избран за повторен кандидат за градоначалник на Липково од редовите на ДУИ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста