Дали сопругот на Ременски е безбедносно ризичен за да остане на функцијата?

Станува ли началникот во АНБ Јовче Ременски безбедносно ризичен по отворањето на истрагата за неговата сопруга Фросина Ременски за кривично дело помагање во измама ? Експертите кои ги консултираше Алфа, велат дека треба да се направат дополнителни проверки, за сертификатот на безбедност, бидејќи тој според работата која ја врши повеќе од сигурно е дека има сертификат со највисок безбедносен степен.

– Законот за класифицирани информации предвидува дека доколку лицето кое е осомничено или обвинето за некакво дело веднаш му се проценува потребата за поседување на безбедносен сертификат и се прекинува важноста на тој сертификат . Во овој случај Јовче Ременски не е осомничен или обвинет, но бидејќи тој поседува веројатно највисок степен на безбедносен сертификат а тоа е државна тајна во оперативните проверки се проверуваат и членовите на потесното семејство . Јас ценам дека во овој момент можеби е подобро да се направи една нова оперативна безбедносна проверка по актуелните случувања која што ќе покаже дали тој бил вклучен или не бил вклучен во дејствијата кои ги превземала неговата сопруга , изјави проф. Александар Нацев -Поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Нацев предупредува доколку дојде до проверки, треба да се внимава кој ќе ги врши .

-Господинот Ременски е вработен во сегашната агенција за национална безбедност или поранешна УБК, на место на кое има директно влијание врз лицата врз оперативците кои ја вршат таа оперативна безбедносна проверка, тука настанува еден проблем дали тој ќе го искористи своето влијание врз тие лица, за да ја направат безбедносната проверка во негова полза , изјави Нацев.

Јавноста Јовче Ременски го памети по скандалозните најави за апсења овјавени на фејсбук .. тогаш Ременски пишуваше – „Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, се закани и со „Џандар збира” што во полициски сленг значи дека ќе има апсења. Од внатрешната контрола на МВР ниту тогаш не се позанимаваа со Шефот на македонскиот антитерористички тим Јовче Ременски.

Елена Марковска