Дали се „На прав пат“? СДСМ краде веќе украдена кампања за теренските активности

Под мотото „На прав пат“, владејачката СДСМ ја стартува новата кампања за теренски активности, која по се изгледа и не е толку нова, бидејќи неодоливо потсетува на кампањата на хрватската Социјална демократска партија (СДП) која истата ја промовираше во далечната 2010 година под името „Krenimo u pravom smejru“, што во буквален превод би значело „Да тргнеме на прав пат“.

Не само слоганот, туку и боите на кампањата се исти, црвена и бела, иако за нив оправдување може да се најде во фактот дека тоа се боите на партијата на Европските социјалисти. Но она што ја прави кампањата уште поапсурдна е податокот дека и онаа на хрватската СДП не бил сосем оригинална, бидејќи партијата ХСП своевремено ги обвини дека им го украле мотото под кое во 2009 година настапи кандидатот за градоначалник на Загреб, Др. Антун Кљенак.

На сето тоа, социјалните мрежи не издржаа и веднаш започнаа со промоција на кампањата „на прав пат“ при што на саркастичен начин се спојува мотото на теренските активности со досегашните „успеси“ на владејачката партија.
Инаку СДСМ и во минатото беше обвинувано за неинвентивност, односно за крадење и модифицирање на туѓи кампањи. Тоа се случи со стисната тупаница на од нив предводената „Шарена револуција“, како и во 2012 и 2008 година кога нивните кампањи беа многу слични со лого на странски компании.

Според најавите кампањата на владејачката партија почнува од сабота со трибина од Штип. Планирани се 10 поголеми трибини и 14 помали низ целата држава, а од 20 октомври партиски тимови ќе одат од „врата на врата“ со цел на граѓаните да им се објасни што е сработено досега.

Ања Василева