Дали преку Преспанското езеро власта ќе плови во меѓусебни пресметки?

                Дали во Преспа на повидок е пресметка меѓу коалиционите партнери на власта, од една страна СДСМ и Беса, а од друга страна ДУИ во пресрет на локалните избори? Владата и додели на Општината Ресен 84 милиони денари наменски средства за 2020 и 2021 година, за уредување на брегот од Преспанското езеро и преземање на соодветни мерки за спречување на колапсот со нискиот водостој и еколошката катастрофа што му зе заканува. Меѓутоа, мерките што ги предложи Координативното тело за развој на езерото, Министерството за екологија не ги прифати, барајќи нова постапка и стандарди.- Наместо веќе да започнеме со предвидените зафати, ние мораше барем уште два месеца да се занимаваме со бирократски процедури, што би значело дека турирстичката сезона ќе пропадне. Затоа, се откажавме од овој проект и парите ги вративме. Бидејќи досега не кажуваа, од Животна средина ќе бараме да кажат како и што можеме да правиме со плажите, вели градоначалникот Живко Гошаревски.

                Од друга страна, како село без кучиња, езерото половина година беше оставено без концесионер и благодарение на рибократците, огромни крапови и други риби, на црно се продаваа по пазарите во Битола, Струмица и други градови. Ресорниот министер, кој денеска беше во Битола, има свое објаснување.

  • Таков е законот, одма штом се заврши концесијата, спроведена е постапка апостапките траат и сме во ситуација на ковид и проблематично било собирањето на комисијата од владата и запазаени се сите рокови од наша страна. Тоа е минат проблем и сега ќе имаме нова ситуација- рече министерот Аријанит Хоџа.

Дали конфликот на Министерството за живота средина со  локалната власт е принцип за еко- стандарди при заштита на езерото или пак можеби страв  од СДСМ и Беса на ДУИ, кој до скоро Преспа ја имаше како свој сериозен електорат? Со овие пари што им ги даде Заев, локалната власт во овој регион би имала  сериозна предност. За жал, езерото со само четирисеттина сантиметри зголемено ниво на водата, за скоро, во наредниот сушен период ќе влезе во уште поголем колапс.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста