Дали повторно си биле гратис или можеби платиле- Фетаи и Нанев не одговараат за патувањето во Порто

Фатиме Фетаи и Лазар Нанев не и донесоа среќа на Македонија од трибините во Порто, а останува и непознато дали и таму, како и во Палермо биле гратис, или сега можеби платиле авионски и билети за натпреварот. На ова прашање на Алфа, одговор се уште нема ниту од двајцата.

Последниот одговор од првиот човек на Основниот суд во Кавадарци е оној поетскиот, каде ни порача да го живееме животот и да уживаме во него, без да одговори дали одвоил свои средства за патот во Палермо.

Фетаи пак објави уплатница на која се гледа дека платила хотелско сместување, но истата уплатена на 28-ми март, шест дена по заминувањето на пат за Палермо. Поранешната специјалната обвинителка за ова најде оправдување, дека платила во рокот даден од туристичката агенција.

Додека јавноста е горда на македонските фудбалски херои, гневна е на функционерите кои поради блискоскста со челните луѓе на ФФМ, на сметка на федерацијата си патуваат на гостинските фудбалски натпревари на Македонија.

Последните случувања на трибините предизвикаа реакција и кај поранешниот репрезентативец и капитен на Вардар Златко Таневски во минатото, кој директно удри по луѓето од ВИП ложата поради катастрофалната состојба во која што е македонската фудбалска лига.

Тој испрати честитки до фудбалерите, но потенцираше дека поради раководството на ФФМ фудбалската иднина не ни е сјајна, споменувајќи го вчерашниот пораз на репрезентацијата до 21 година од Фарски острови.

-Бајката заврши, сонот наш заврши (барем засега), момците на теренот многупати докажаа како таму на зелениот терен се брани честа на државата… Честитки!!!

ВИП ложа се слушаме? Знаете зошто не сме во КАТАР???

-Македонската лига е најслаба лига во Eвропа

-Во македонската лига се игра на ниви

-Во македонската лига уште се игра 3 за 3

-Во ифраструктура 20 год шајка се нема ставено (со честна исклучоци а се бројат на рака)

-Нема рефлектори а тие што ги имаат ако ги уклучат ќе банкротираат па боље на 40 степена да се игра.

-Нема медиуми

-Нема стратегија како да се привлече публика, порача Таневски.

Фатиме Фетаи и Лазар Нанев не се единствените функционери кои уживаа да ја гледаат македонската репрезентација во живо. Во Палермо беа и Никола Тупанчевски, Владо Бучковски, Рамиз Мерко и Никола Бакрачески.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста