Дали политиката на субвенции го мотивираше синот на Заев да влезе во бизнисот со струја?

Производство на струја од сонце е бизнис во подем – само минатата година Регулаторната комисија за енергетика издала 48 лиценци за оваа намена.

Оттаму за Алфа велат дека фирмата Тотал Енерџи, чиј управител е Душко Заев, 18 годишниот син на Зоран Заев, се уште нема отпочнато постапка за добивање на лиценца. Сепак, во Централниот регистар друштвото со ограничена одговорност е заведено како микро претпријатие чија примарна дејност е токму производството на електрична енергија.

Алфа се обрати до Министерството за економија и праша дали, колку и на кој начин се поддржува изградбата на централи од обновливи извори на енергија. Оттаму добивме само кус одговор дека такви субвенции не се предвидени.

Сепак, со години Владата ги поттикнува ваквите инвестиции, најавувајќи олеснето добивање градежни дозволи и друга државна помош.

Самиот Зоран Заев додека беше премиер во неколку наврати фотоволтаиците ги промовираше како еден од главните приоритети на Владата со која тој раководеше.

Во стратегијата за енергетика е обезбедена регулатива и политика за макесимално искористување на обновливите извори… Скратени се временските рамки за изградба на фотоволтаици и ветерници -рече Заев на 3.12.2020.

На 25 февруари Душко Заев ја регистрираше фирмата Тотал Енерџи, а Алфа го посети и нејзиното седиште кое се наоѓа во луксузна канцеларија на атрактивна локација во Струмица.

АТМОСФЕРА КАКО ВЛАГАШ

Газдата не го најдовме, оставивме наши податоци и ни беше кажано дека тој ќе не исконтактира, но веќе два дена не добивме повик од 18 годишниот Душко кој е најмладиот член во семејството Заеви кој почнува свој бизнис. Инаку Заеви поседуваат бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста