Дали марихуаната ги поврзува Зоран Заев и Седат Пекер? – Власта и обвинителството молчат

По видеото кое го објави конторверзниот турски бизнисмен Пекер во кое кажа дека бил во домот на премиерот Заев, опозицијата не прастанува со поставуање на прашања до власта кои се уште остануваат неодговорени.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара одговор од Заев и Владата за што зборувале македонскиот премиер и мафијашот Пекер.

Попусти се обидите на Владата да го перат Заев, сите видовме како на Пекер му беше доделено полициско обезбедување и придружба со неколку возила од МВР. Седат Пекер и Зоран Заев имаат една заедничка работа и двајцата се поврзуваат со наркотици. Дали Зоран Заев и Седат Пекер разговарале за бизнисот со марихуана, или можеби за некој друг бизнис или негов влез во некој биизнис во Македонија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Владата пак демантираат било каква средба на Заев со Пекер кој доби македоснки пасош со туѓ идентитет.

По објавувањето на видеото на Пекер, Алфа побара одговори од обвинителството дали ќе го повикаат Заев на информативен разговор, оти неговото име се споменува во изјавата на мафијашот, но одговор не добивме.

Дел од аналитичарите велат дека не очекуваат обвинителството без разлика на обајвеното видео да ја прошири истрагата.

Најпрво треба да имаме предвид дека ние за жал во последниве 3-4 години и од она малку што личеше на јавно обвинителство направивме политичка комисија, која работи по желбата на власта односно политиката која ја сповердува владејачката политичка партија. Јас не очекувам оваа структура во обвинителството да ја прошири истрагата спрема други функционери од МВР и во Владата кои што според сите основани сомненија имале големо влијание во овој криминал кој што се правел со легалните македонски пасоши и исправи со туѓ идентитет, вели за Алфа, Љубомир Ѓурчевски – пензиониран началник.

Ѓурчевски посочува дека е апсурдна казната која ја добија лицата кои признаа вина.

Апсурдно е ова што се случи кај нас со овој предмет каде што обвинителството се испазари односно договори т.е. обвинетите признаа вина и добија минорни казни кои не наликуваат на онаа казна што треба да следува за овој вид на кривично дело со оглед и на нарушениот углед на оштетениот, а оштетен во овој случај е Р.Македонија, вели за Алфа, Љубомир Ѓурчевски – пензиониран началник.

Вели се надевам дека кога ќе дојде промената на власта, целиот овој случај ќе се повтори и ќе се отвори истрага за сите овие основани сомненија кои водат до врвот на владата односно до премиерот, министерот за внатрешни работи и еден куп други  високи функционери во МВР, посочува Ѓурчевски.

Инаку Пекер е еден од главните актери во случајот Мафија кој го обелодени опозицијата,односно давање на 214 македонски патни исправи со туѓ идентитет. Останува отоврено прашањето дали навистина на своја рака шалтерските работнци кои признаа вина ги издавале пасошите или пак добивале насоки од повисоки ешалони од власта.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста