Дали коалицијата СДСМ- ДУИ ќе се сопне на 5-те илјади амандмани?

По петте илјади амандмани од ДУИ за една изборна единица премиерот Зоран Заев предизборно ќе ја преиспитува одржливоста на коалицијата. Според него ова е прменогу и се испраќа лоша порака.

ДУИ пак убедени дека мора да се спречат еднострани измени на изборното законодавство пред избори зошто тоа како што велат е опасен преседан.

Иницијативата за една изборна единица бара ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите.

„Не ни е јасно зошто има толку амандмани бидејќи и со една десетина од бројката би се блокирало неосењето на измените на изборниот законик.

Иако од ДУИ имавме позитивен сигнал и повик за разговор, сепак настапија спроитвно, но се надевам дека ќе се надмине овој проблем и дека ќе имаат доблест да ги повлечат амандманите“, вели Попоска.

Од опозициската партија се децидни дека на неколку месеци пред изборите и без консензус е надвор од сите логични норми и пракси да се менува изборен модел. Подготвени се за разговори, но по избори.

„Тука ја гледам дволичност на СДСМ. Требаше прво да си го повикаат својот коалиционен партнер кој поднесе околу 5000 амандмани. Нашите амандмани се во насока на давање на еден јасен сигнал дека два месеци пред избори не се отвора изборен законик“, вели Кузмановска.

И БЕСА потсетува дека за промен а на изборниот модел е неопходен консензус.

„ Изборниот законик се менува со консензус. Не би требало никој да дејствува еднострано“.

Инаку СДСМ како опозиција први ја почнаа ваквата пракса кога предлог буџетот за 2013-та година го блокираа со над 1200 амандмани.

Бојана Димитријевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста