Дали ќе се вратат рестриктивните мерки? Епидемилозите бараат, за Филипче бројките не биле толку лоши

Можно е повторно враќање на рестриктивните мерки во општините со најголем број на заболени со Ковид 19 Скопје Тетово и Куманово неофицијално дознава Алфа од свои извори од Комисијата за заразни болести. Според блиски извори од таму во понеделник треба да се разговара на ова прашање. Министерот за здравство Филипче демантира, вели бројките не се толку лоши за да се размислува за рестрикции. За епидемиолозите ова би бил добар потег, Даниловски уверува дека со воведување на рестриктивни мерки ќе се намалат социјалните контакти, а со тоа и бројката на инфицирани.

“Мора малку да се намали интензитетот на социјалните контакти. Добро е да се скрати работно време на кафулињата и рестораните. Среќа во несреќа е што се повеќе учествуваат младите во контигентот позитивни на Ковид19 , најмногу се дружат меѓу себе. Тоа е причината што има реалтивно малку хоспитализирани. Секако, посебен проблем е исцрпеноста на здравствените работници.” – вели Драган Даниловски, епидемиолог.

Дека бројката на позитивни на Ковид во земјата расте и ќе расте и понатаму алармира доктор Игор Николов. И тој е на истиот став дека рестриктивните мерки се потребни но со тоа економијата ќе претрпи голем удар што може и да биде неиздржлив.

“Очекувано е дека бројката на заболени расте и ќе расте и понатаму.Во овој момент важно е да се направат напори за лоцирање на вирусот. И доколку се процени дека бројката на позитивни расте во одредени региони потребно е да се преземат одредени рестрикции. Сепак, многу винимателно затоа што сведоци сме дека економијата односно бизнисите многу тешко би издржале втор удар.Сега е поважно да се работи на мерки на заштита и здравствена едукација.”тврди доктор Игор Николов.

Додека, здравствените власти уверуваат дека корона статистиката не е лоша –Македонија ја надмина Италија спроед вкупен број на потврдени случаи на еден милион жители. Македонија лошо котира и на листата од европските земји по бројот на смртни случаи од Ковид-19. 8 смртни случаи на само 2 милиони жители е далеку над сите земји во Европа. Нашата држава вчера се најде на 11-тото место. Од регионот Србија која има 8 ипол милиони жители имаше 13 смртни случаи, БИХ 5, а Бугарија 4.

Инаку македонските експерти прогнозираат дека бројот на вкупно инфицирани, до 25 јули, ќе достигне помеѓу 9.400 и 10.400.

 

Ања Василева

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста