Дали ќе имаме исто сценарио како со „Северна“: Власта повторно таинствена за преговорите

Како со Грција така и со Бугарија. Таинственоста на македонските власти во однос на преговорите со источниот сосед, се повеќе наликуваат на оние со јужниот, каде Република Македонија си ја залепи кованицата Северна. Премиерот Димитар Ковачевски не открива ништо конкретно за прашањата кои будат голем интерес кај граѓаните. Запрашан за преговорите, наместо одговор за историските и идентитетски прашања кои се преговараат со источниот сосед, премиерот говореше за работата на другите работни групи.

-Не постои никакво тајно преговарање, ниту таен договор. Вие знаете дека во односите со Бугарија имаме односи кои што се базриаат на искрена комуникација помеѓу двете влади помеѓу двата премиери. Веќе работат работни групи со видливи резултати во делот на економијата, во делот на инфраструктурата, во делот на образованието, културата и во делот на европските интеграции, изјави Заев.

Истиот начин на комуникација со јавноста во преговорите со Грција го имаше и поранешниот премиер Зоран Заев. За разговорите со Алексис Ципрас не се откриваше ништо се до промената на името, освен пробниот балон со Илинденска Македонија.

-Република Илинденска Македонија е името за кое е можен компромис со Грција, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Република Илиндитасе е Мачедонис. Република Илинденска Македонија е име со кое го зајакнуваме темелот на нашата република, велеше Заев.

Сепак овој предлог со кој се фалеше Заев, не беше прифатлив за Грција, па на крајот ја добивме.

-Да живее Република Македонија, да живее Република Северна Македонија, велеше Заев.

Единствено што сега слушаме од Владата е дека немало да се чепне во националните интереси на Македонија и Македонците. Но, се поставува прашањето дали можеме да веруваме ако се знае дека ветувано беше и дека нема да се промени името на државата.

-Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија да излезе пред Парламент да бара промена на устав, заради промена на уставното име, исто така изјави Заев во минатото, велеше Заев.

Дури велеше и дека не постои човек кој би дозволил промена на според Заев одличниот Устав.

-А што се однесува до уставот гарантирам одличен устав имаме, европски устав. Уставот нема да дозволам никој да го смени, уставот ќе се почитува, уставот ќе се спроведува, нема менување на уставот. Бидете спокојни, велеше Заев.

Ветувањата дадени во минатото веќе беа прекршени, Македонија стана Северна, а променет беше и Уставот. Сега покрај молкот има ветувања дека нема да се чепка во македонскиот идентитет, па останува да видиме дали сега власта ќе остане на дадениот збор.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста