Дали Јанева ќе ја „закопа“ вистината за „Рекет“?

Дали „Рекет“ ќе заврши со молк на Катица Јанева? Обвинителката Вилма Рускоска, соопшти дека некој од обвинтетите за рекетирањето на Орце Камчев, иако неофицијално побарал спогодба. Но, за кого станува збор Рускоска не откри, Алфа праша и во Обвинителството, но и од таму не откриваат.

-Да, имаше кај некој од осомничените. Не се поднесе официјална иницијатива за склучување спогодба, но побараа спогодба. Така да ќе видиме што ќе одлучиме… Не, во овој момент не, изјави Рускоска.

Во јавноста на големо се шпекулира дека обвинетиот кој побарал спогодба е Катица Јанева, која засега нема кажано ниту збор за случајот пред надлежните. Доколку таа е личноста која бара спогодба, можно е целаа прицедура да заврши со нејзин молк, со што јавноста никогаш нема да дознае што се та знае за овој случај.

Што вели законот? Според ЗКП доколку биде прифатена спогодба, случајот завршува кај судија на претходна постапка. Што значи дека на судските рочишта во улога на обвинет нема да говори лицето кое се спогодило.

-Ако судијата на претходната постапка ја прифати предлог-спогодбата изрекува пресуда со која не смее да изрече кривична санкција различна од превземено од кривичната санкција содржана во предлог спогодбата, се вели во член 489 став 1 од ЗКП.

Во случајот „Рекет“ обвинети за изнуда на пари од бизнисменот Камчев, се Бојан Јовановски алијас Боки 13, Зоран Милески- Зоки Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Кој од нив побарал спогодба, чија вистина за „Рекет“ можеби јавноста никогаш нема да ја дознае останува отворено прашање засега.

Матеја Петровски