Дали илјадниците амандмани ќе ја растурат владејачката коалиција?

Амандманската расправа за една изборна единица, откажана. Кирацовски ги обвини собраниските служби, тие не ги превеле амандманите за предлог законот за измени на изборниот законик, и затоа седницата на комисијата за политички систем не се одржала. Вели дека од 6000 амандамни не биле преведени речиси 4000 и не биле поставени на електронскиот систем на собранието, но за да не се губело време преку јавна расправа тие ќе ги убедувале ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандамните.

„Се надевам дека на оваа јавна расправа ќе дојдат и пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе имаме конструктивна дебата и можност самите да се уверат од потребата за носење на овие законски решенија. Постои простор низ разговор да проработи свеста кај нив и да ги повлечат амандманите“, додаде Кирацовски.

Додека СДСМ повикува на јавна расправа, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека таква јавна расправа за закон кој треба да се донесе по скратена постапка е не возможна, оти деловникот за работа не предвидувал такво нешто.

Доколку навистина сакаа промена на Изборниот модел на два месеци пред избори, на 10 дена пред  Пржинска влада требаше да се седне со најголемите политички ќинители, да се разговара и доколку се најде консензуално решение истото да биде применето. Вака сите овие потези кои се прават од страна на Комсијата и нејзиниот претседател ги сметаме само за маневар и наоѓање на  некој виновник, а СДСМ кои предизборно  ветуваа отворени листи, да не бидат виновни за ништо, вели Мицевски.

Најголемиот дел од амандамните за една изборна единица и отворени листи се од страна на ДУИ. Интегративците велат дека ваквиот начин на обид за носење на законите било опасен преседан, и дека со овој закон албанците би изгубиле пратенички места.
Предлог законите се поднесени од страна на помалите политички партии.

Со оглед на тоа што собранието треба да се распушти на 10 февруари, а бројот на амандамни за законите се големи се поизвесно е дека изборите на 12 април ќе бидат по стариот изборен модел односно 6 изборни едници кои делегираат по 20 пратеници.
Покрај различните толкувања на мислењето за Венецијанската комисија за законот за јазици, останува отоврено прашањето дали изборниот законик ќе биде каменот на сопнување за растурање на коалицискиот брак СДСМ-ДУИ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста