Дали граѓаните треба да се чуствуваат сигурни во возилата на ЈСП?

Дали граѓаните може да бидат безбедни додека се возат во градскиот превоз кој го нуди Градот Скопје? Денес, двокатен автобус со број 5 на ЈСП, полн со патници кој ги превезувал од скопската населба Горче Петров кон Центар, кој за жал не успеал ни да стигне до излезот на населбата,  кога  во еден момент избил пожар на горниот дел од автобусот. Патник, за време на возењето забележал чад во горниот дел од возилото, набргу, го информирал возачот на автобусот, кој го застанал автобусот и со ПП апарат интервенирал, но по реакција на вработени во автосервисот, кој се наоѓал во близина на несреќата, се тргнал настрана. Патниците испаничени и испашени почнале да трчаат кон излезот на автобусот, велат очевидци.

“Патниците излегоа безбедно по што заминаа, а автобусот почна сè повеќе и повеќе да чади. Возачот се качи на вториот кат со ПП-апарат да го гаси, но со тие апарати не може многу да се направи. По тоа, почна да гори цел, но набргу дојде пожарна и почна да го гаси. На горниот кат имаше отровни гасови, мирисаше на пластика, пожарот се распространи за десетина минути. Кога почна да гори, пожарот не можеше да се запре. Најпрвин почна да излегува бел чад, подоцна почнаа да горат и каблите. Пожарната дојде по десетина минути“, вели очевидец.

Брзата интервенција на пожарникарите спречиле поголема катастрофа. Во пожарот нема повредени патници, а причинета е само материјална штета. Поради јаката стихија окјолните објекти се оштетени, има напукнати прозорци и ролетни.

Оваа не е првпат да се случи автобус на ЈСП полн со патници да се запали за време на возење. Пред повеќе од две години со изгореници се здобија 5 патници , кога за време на возење пукнал ладилникот за вода на возилото. Јавноста беше сведок и на слични настани и минатото лето кога на двапати за неполн месец автобууси на ЈСП беа запалени.

Од ЈСП сепак реагираат и уверуваат дека ова било прв ваков случај. Сепак податоците со кои раполагаат социјалните медиуми се спротивни од ставот на претпријатието. Оттаму велат дека автобуисите биле редовно сервисирани, а денешниот инцидент не бил резултат на неисправност на автобусот.

Пред да биде пуштен во сообраќај, утринава околу 5 30 ч, на возилото му е извршено рутинска контрола при што не бил констатиран никаков дефек, ниту пак, во текот на возењето возачот регистрирал некоуј неочекуван дефект- Велат од ЈСП

Од ЈСП уверуваат дека граѓаните воопшто не треба да стравуваат за безбедноста при користењето на јавниот превоз со возилата на ЈСП Скопје.

Јована Грчева