Дали Фросина Ременски ќе биде уапсена за „Рекет“?

Дали Фросина Ременски ќе биде уапсена за „Рекет“? Ова прашање се наметнува откако пратеникот Александар Кирацовски изјави дека тој не се препознава во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во кое се вели дека истрагата се проширува за уште четири нови лица меѓу кои и еден функционер.

„Не сметам дека се однесува на мене, никој не ми се јавил, ниту ми кажал нешто“, изјави Кирацовски за „Фокус“.

Тој беше еден од функционерите кој беше повикан во Обвинителството за да даде исказ за истрагата за „Рекет“. Фросина Ременски е друг функционер кој беше повикан во обвинителството а за кој се шпекулираше дека е вмешан во скандалот.