Дали Драмскиот театар ќе и го продолжи работниот однос на Стојановска по скандалот со кокаинот?

Колумбија оваа земја била дестинација каде актерката сега осомничена за логистика во криумчарење на 700 килограми кокаин, го однела Драмскиот театар во времето кога била директорка од 2004 до 2006 година. „Од толку многу европски театри и фестивали во светот, зошто токму Колумбија односно земјата позната како нарко-рајот“, коментираат нејзини колеги и новинари кои од денешна перспектива се присетуваат на таа случка. Има ли ова било каква врска со сегашната состојба во која се најде Стојановска е секако работа на надлежните институции.

Од матичната установа на Стојановска до сега нема реакција откако се откри скандалот со криумчарењето на дрога. Алфа се обиде директно таму да дојдеме до одговор. Но вратите на Драмски беа заклучени. Ќе продолжи ли работниот однос на нивната актерка по скандалот со нарко-бандата, не одговори ниту на смс порака в.д. директорката Катерина Коцевска. Во истиот театар работи и нејзината ќерка Јана Стојановска, која моментално, според пишувањата на медиумите живее во Романија заради работните обврски на нејзиниот сопруг. Но каков е нејзиниот работен однос со Драмски исто така не добивме одговор.

Другата ќерка на притворената актерка работи во Македонскиот народен театар, од каде потврдија дека Ана доаѓа на работа и е редовно вработена.
Инаку Силвија Стојановска беше меѓу најгласните поддржувачи на Шарената револуција. Тогаш револтирано говореше дека минатата власт ги принудува граѓаните да бегаат од државата.

Сега Стојановска се наоѓа во 30 дневен домашен притвор откако Американската ДЕА со шпанската и македонската полиција ја расплете мрежата на нарко бизнисот на 6 члена група која требало да наплати 20 милиони евра од продажбата на дрогата. Актерката Силвија Стојановска е осомничена дека била помагач на нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ, кој според истрагата е мозокот на меѓународниот транспорт на дрога. Стојановска е осомничена дека работела по ингеренции на нејзиниот сопруг, кој имал забрана за патување во земјите на ЕУ. Како дел од мрежата бил и братот на Будисављевиќ, државјанин на Белгија.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста